Утрински Весник
Македонија

Бектеши: ДУИ останува на ставот дека е потребен консензус за датумот за избори

Бектеши: ДУИ останува на ставот дека е потребен консензус за датумот за избори

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска, во својство на партиски функционер, соопшти дека ДУИ принципиелно останува на ставот – датумот за избори да се донесе со консензус.

-Ставот на ДУИ е конзистентен и принципиелен од почетокот кога се отвори темата за одржување на изборите во јуни или јуни. Подготвени сме и наредната недела да одиме на избори, но треба да ги имаме предвид препораките од Комисијата за заразни болести и ситуацијата со бројот на заразени. Принципиелно сме кажале дека датумот треба да се донесе со консензус. ДУИ останува на тој став. Ќе ги следиме препораките на епидемиолозите, а јавноста ќе биде информирана за последниот став на партијата или ако има лидерса средба, рече Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање во врска со денешната изјава на Спасовски дека изборите треба да се одржат на 5 јули. мч/мд/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор