Утрински Весник
Спорт

Без церемонии на подиумот во Формула 1 заради пандемијата

Сезоната во Формула 1 почнува на 5 јули

Салцбург, 13 јуни 2020 (МИА) – Возачите на Формула 1 нема да слават на подиумот по трките оваа сезона заради новите правила воведени поради ситуацијата со пандемијата КОВИД-19.

Парадата на пилотите пред стартот, исто така нема да се одржи, бидејќи натпреварите ќе бидат без публика.

– Практиките што ги имавме во минатото едноставно не можат да се спроведат. Церемонијата на подиумот не може да се одржи, но ние размислуваме да сториме нешто по трката. Една од можностите е да ги организираме автомобилите на пистата и пилотите да застанат пред нив. Не можеме да ги предадеме трофеите, бидејќи мора да задржиме социјална дистанца. Но, ние подготвивме планови и процедури за да можеме да ги претставиме на телевизија, рече извршниот директор на Формула 1, Рос Браун, за www.formula1.com.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне со Големата награда на Австрија на 5 јули. Натпреварот ќе се одржи без публика.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата