Утрински Весник
Македонија

Без струја утре општините Ѓорче Петров и Кисела Вода

Без струја утре делови од Кисела Вода, Карпош и Сопиште

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 07:30 до 08:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Христо Татарчев“ бр. 21А., Општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот струја ќе немаат корисниците од ул. „Христо Батанџиев“ згр. 13, ул. „Мајски Манифест“ од бр. 1 до бр. 15, ул. „Христо Батанџиев“ бр. 11, бр.80, зграда 11 и зграда 15 на ул. „Христо Батанџиев“, Општина Ѓорче Петров, а од 12:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ул. „Радушка“ (објекти до Парк во Ѓорче Петров), ул. „Христо Батанџиев“ од бр. 1 до бр. 21, Општина Ѓорче Петров.фф/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва во Скопје

Административните службеници во градинките бараат зголемување на платите

Зајкова го поднесе предлог законот за електронска нараквица за следење на насилниците во Собранието