Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре (5 мај, вторник, без електрична енергија неколку часа ќе остане дел од ТЦ Буњаковец и две улици во Ѓорче Петров.
Од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од булевар Партизански Одреди бр.29 лок.1, 2, 3, 4, 5, 6 во ТЦ Буњаковец.
Од 09:00 до 11:00 часот, пак, без струја ќе бидат корисниците од ул. Вера Циривири Трена и дел од ул. Мечкин камен, во Општина Ѓорче Петров. ев/