Наместо претходно предвидената втора претседателска дебата во САД, кандидатите ќе имаат одделни настапи, кои ќе ги организираат и пренесуваат две конкурентски телевизии.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе настапи утре во градското Собрание во Мајами во организација на Ен-Би-Си њуз, соопшти телевизијата, а демократскиот кандидат Џо Бајден ќе гостува на настан во Филаделфија, чиј домаќин е Еј-Би-Си њуз.
Трамп и Бајден ја одржаа првата дебата која беше одбележана со навреди и остри упаѓања. Во меѓувреме Трамп прележа коронавирус, а комисијата одлучи да одржи онлајн дебата, која Трамп ја одби.