Утрински Весник
Македонија

Без да ги земе парите, тетовец „го продал“ автомобилот, па утредента го видел на оглас

Без да ги земе парите, тетовец „го продал“ автомобилот, па утредента го видел на оглас

Полицијата поднесе кривична пријава против А. М. (34) од селото Долно Палчиште, Тетовско, поради измама.

Во април 2021 година пријавениот се сретнал со В. Џ. (33) од Тетово и се договориле да го купи неговото возило „фолксваген пасат“, но да му плати наредниот ден.

„Наредниот ден В. Џ., пребарувајќи на интернет-страниците за продажба за возила, го забележал објавено неговото возило за продажба по што веднаш го побарал пријавениот, но тој не му се јавувал“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на нашата држава во НАТО

Царинска управа: Откриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца уапсени

Тинејџери претепале и ограбиле такстист во Прилеп