Утрински Весник
Спорт

Без Барди против Лихтенштајн и Германија

Без Барди против Лихтенштајн и Германија

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди поради повреда нема да може да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Лихтенштајн (8. октомври) и Германија (11. октомври) од квалификациите за Светското првенство.

Фудбалерот на шпански Леванте сеуште не е залечен од повредата (заден бутен мускул) здобиена на последниот репрезентативен натпревар против Романија. Селекторот Благоја Милевски нема да повикува друг фудбалер како замена за повредениот Барди.

Македонската репрезентација синоќа во хотел „Хилтон“ во Скопје го имаше првиот собир.

Во репрезентативната база пристигаа Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Висар Муслиу, Тихомир Костадинов, Дени Илиев, Стефан Спировски, Кире Ристевски, Дамјан Шишковски и Никола Ѓорѓев. Сите останати повикани за двата натпревари денеска ќе му се приклучат на тимот.

Првиот тренинг македонската репрезентација ќе го има денеска од 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Извор/ffm,mk

> Без Барди против Лихтенштајн и Германија <

Можете да прочитате

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година

Селекторот на Сенегал суспендиран пет натпревари за инцидентите во финалето на Африканскиот куп

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“