Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Безживотно машко тело најдено на Шар Планина, идентитетот ќе се утврдува во Скопје

Безживотно машко тело најдено на Шар Планина, идентитетот ќе се утврдува во Скопје
Img 7972

Тетово, 16 февруари 2020 (МИА) – Машко безживотно тело претпладнево е пронајдено на Шар Планина по што полициски службеници од Тетово со  хеликоптер заминале до местото за да направат увид. Според пријавата, станува збор за тешко пристапен терен во реонот на врвот Кобилица.

– Околу 10:55 во СВР Тетово се јавило лице кое се претставило како планинар и пријавало дека забележал безживотно машко тело над селото Вејце и на пат за врвот Кобилица. Според неговата изјава, до телото имало и торба. По овластување на јавен обвинител, екипа на СВР Тетово замина до местото за да се направи увид, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По наредба на тетовското Обвинителство, телото ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. ас/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одобрен во целост обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Алиу: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање

МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники