Утрински Весник
Магазин

Бездомници на Флорида добија златници од Древен Рим

Бездомници на Флорида добија златници од Древен Рим
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тампа, 24 април 2020 (/) – Две златни монети од времето на Римската Империја, се најдоа во кутија за донации на американската Армија за бездомниците во Тампа, Флорида, САД.

Како што пишува „Тампа Беј тајмс“, паричките може да достигнат и до неколку илјади долари на аукцијата што утре ќе се организира на интернет-страницата „Херитиџ окшнс“.

Стручни лица оттаму појаснуваат дека златниците потекнуваат од подрачјето на денешна Турција.

– Монетите се изработени од злато меѓу 42 и 40 пред нова ера, се наведува во описот на интернет-страницата.

Армијата изминатата зима собра 75 отсто од планираните средства потребни за згрижување бездомните лица. Се работи за околу 400.000 американски долари.  си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 декември 2025 година

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!