Утрински Весник
Македонија

Бегајќи од полицијата, скопјанец фрлил кокаин на „Партизанска“

Бегајќи од полицијата, скопјанец фрлил кокаин на „Партизанска“

Скопјанец на возраст од 22 години со иницијали О.М. бил приведен вчера на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Како што информираат од МВР, на крстосницата од булеварот „ВМРО“ со булеварот „Партизански одреди“ тој со возилото кое го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и притоа од прозорецот фрлил едно пакување со кокаин, кое било пронајдено и одземено.

Набргу потоа, бил запрен и приведен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски

Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Обилни врнежи, планински снег и силен ветер