Утрински Весник
Свет

Бебе се заразило од коронавирус во утробата на мајката

Бебе се заразило од коронавирус во утробата на мајката

Лекарите во Франција го пријавиле првиот докажан случај на пренесување на коронавирусот од бремена жена на нејзиното бебе, пишува „Гардијан“.

Новороденчето имало воспаление на мозокот неколку дена по раѓањето, состојба која се појавила откако вирусот преминал преку плацентата пред раѓањето. Машкото бебе сега се опоравува.

Студија, објавена во списанието „Nature Communications“, го следираѓањето на неколку бебиња со Ковид-19 за кои лекарите се сомневаат дека биле заразени во матката на мајката. Досега, тие не можеа да ја исклучат можноста дека бебињата се заразиле за време или набргу по породувањето.

„За жал, во овој случај, нема сомнежи околу преносот“, вели првиот човек на педијатријата во болницата во Париз, Даниел де Лука.

Родилката на возраст од 23 години била примено во болницата на 24 март. Таа имаше висока температура и кашлица и била во третиот триместар од бременоста. Тестот се покажал позитивен на коронавирус.

Три дена по приемот во болницата, лекарите забележале проблеми со бебето, па брзо бил изведен царскиот рез. Бебето било изолирано и интубирано. Тестот брзо покажал дека бебето е позитивно на вирусот, а понатамошните истражувања покажале дека детето се заразило преку крвта на мајката во плацентата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел