Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Бебе почина за време на крштевање во Романија, граѓаните бараат промена на ритуалот

Бебе почина за време на крштевање во Романија, граѓаните бараат промена на ритуалот
300x250 opst2

Православната црква во Романија се соочува со зголемен притисок да ги смени ритуалите на крштевање откако бебе почина по церемонијата што вклучува три пати потопување на новороденче во света вода.

Срцето на шест недели старото бебе застанало и тоа било пренесена во болница каде што починало неколку часа подоцна. Со обдукцијата е откриена течност во белите дробови. Обвинителството отвори истрага за убиство од небрежност против свештеникoт кој го извршил обредот на крштевање во Сучава на североистокот на земјата.

Православната црква во Романија се најде на удар на критиките по оваа трагедија. Петицијата преку интернет, која повикуваше на промени во обредите, собра над 56.000 потписи до четвртокот вечерта.

Смртта на новороденчето поради оваа практика е огромна трагедија. Овој ризик мора да се исклучи со цел радоста од крштевањето да триумфира, се наведува во текстот на петицијата.

Еден корисник на социјалните мрежи ја осуди „бруталноста“ на ритуалот, а друг ја критикуваше тврдоглавоста на оние што мислат дека е Божја волја овие ритуали да се извршуваат.

Локалните медиуми јавуваат дека во последните години се забележани неколку слични инциденти. Портпаролот на романската црква, Василе Банеску, рече дека свештениците може да истурат вода на челото на бебето наместо цело да го потопат, но архиепископот Теодосије, водачот на традиционалното крило во Црквата, рече дека ритуалот нема да се менува.

Според неодамнешните анкети на јавното мислење, пренесени од „Гардијан“, повеќе од 80 проценти од Романците се православни и Црквата е една од институциите со најголема доверба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин