Утрински Весник
Свет

Бајден ќе се сретне со бегалците, на 70 километри од украинската граница

Бајден ќе се сретне со бегалците, на 70 километри од украинската граница

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, заминува за Полска по средбата со Урсула фон дер Леен.

Се очекува тој таму да се сретне со украинските бегалци во градот Жешов, на околу 70 километри од полско-украинската граница, на последниот ден од неговото четиридневно патување во Европа.

Бегалската криза ќе биде едно од клучните прашања за кои ќе разговара со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Тој ќе разговара и за хуманитарната ситуација во завојуваната Украина, јавува Би-Би-Си.

Повеќе од два милиони бегалци пристигнаа во Полска, а околу 300.000 се сместени само во главниот град Варшава

Можете да прочитате

Американската војска во регионот се зголеми на 50.000 војници пред можна копнена инвазија на Иран

Трамп: Ќе ми биде драго да ја земам иранската нафта

САД планираат инвазија на специјални сили за одземање на иранскиот ураниум?