Утрински Весник
Свет

Бајден ќе работи на укинување на смртната казна

Бајден ќе работи на укинување на смртната казна
300x250 (7)

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден е против смртната казна и ќе работи на нејзино укинување, изјави денеска неговиот портпарол, додека Министерството за правда закажа уште три федерални егзекуции пред инаугурацијата на 20 јануари.

Затворското биро ја изврши осмата сојузна егзекуција оваа година, по пауза од 17 години, и веројатно ќе го зголеми притисокот врз Бајден да одлучи дали неговата администрација ќе продолжи да закажува егзекуции по заклетвата, пишува АП.

Ss1

Поддржувачите на укинување на смртната казна ја повикаа администрацијата на Доналд Трамп да ги суспендира сите егзекуции се додека Бајден не ја преземе функцијата.

„Бајден се противи на смртната казна, сега и во иднина“, рече секретарот за печатот Т.J Дакло, но не наведе дали егзекуциите ќе бидат запрени веднаш откако Бајден ќе ја преземе функцијата.

Оваа година, Министерството за правда одобри егзекуција на повеќе луѓе отколку во претходниот половина век, и покрај тоа што смртната казна што ја изгуби јавната поддршка и од демократите и од републиканците.

Синоќа Министерството најави извршување на најстрогата казна за Алфред Буржоа на 11 декември, и Кори Џонсон и Дастин Хигс на 14 и 15 јануари.

За оваа година се закажани уште две егзекуции, вклучително и првата жена погубена во околу шест децении, но во четвртокот федерален судија донесе одлука дека погубувањето не може да се случи пред крајот на годината.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

Протест на илјадници староседелци против бразилската Влада