Утрински Весник
Свет

Бајден ќе биде домаќин на премиерот на Шведска и на претседателот на Финска како добредојде во НАТО

Во четврток, американскиот претседател Џо Бајден ќе ги пречека премиерот на Шведска и претседателот на Финска во Белата куќа во клучен настан за поддршка неколку дена откако двете земји ги објавија нивните напори за влез во НАТО.

Шефот на шведската дипломатија Ен Линде вчера потпиша барање со кое се изјавува дека земјата сака да се приклучи на НАТО.

Овој потег го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување на воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на долгогодишната воена неутралност.

– Ова е голема и сериозна работа и сметаме дека може да потрае една година за да се приклучиме. Овој заклучок е најдобар за Шведска. Апликацијата ќе биде поднесена заедно со Финска, а потоа ќе биде обработена од НАТО – рече Линде.

Одлуката за влез во НАТО вчера ја донесе финскиот парламент.

– Парламентот ја поддржува апликацијата на Финска за членство во НАТО. Парламентот го усвои својот став во согласност со извештајот на Комисијата за надворешни работи по гласањето 188 спрема 8- напишано на собранискиот Твитер, пренесе Дневен аваз.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови