Утрински Весник
Свет

Бајден: ЦИА ја разоткри играта на Путин

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во седиштето на Централната разузнавачка агенција-ЦИА му се заблагодари на персоналот на агенцијата што го предупреди светот за плановите на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и ја поздрави, како што рече, „тивката храброст на американските шпиони“.

dobivaj vesti na viber

На комеморацијата по повод 75-годишнината на ЦИА, Бајден рече дека бил вклучен во агенцијата 52 од тие години, прво како помлад сенатор во комитет формиран во 1975 година за да ги истражува експериментите за контрола на умот и другите злоупотреби од агенцијата.

Тој истакна дека разузнавачките информации собрани од ЦИА ги разоткриваат плановите на Путин и му овозможиле на Вашингтон да ги предупреди другите земји за војна.

„Благодарение на неверојатната работа на нашите професионалци за разузнавање, можевме однапред да го предупредиме светот што планира Владимир Путин во Украина. Откривањето на играта на Путин направи огромна дупка во преправањето и ги дискредитираше неговите лаги за она што го правиме во Украина“, рече Бајден.

Пред руската инвазија на 24 февруари, додека Русија собра повеќе од 100.000 војници на границата со Украина, Путин постојано ги обвинуваше Соединетите Држави и другите западни сили дека намерно креираат сценарио за да ја намамат Москва во војна, а Русија ги нарекува нејзините дејствија во Украина „специјална операција“.

Можете да прочитате

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија