Утрински Весник
Свет

Бајден: Разговараме со Палестинците и Израелците за смирување на ситуацијата

Бајден: Разговараме со Палестинците и Израелците за смирување на ситуацијата

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека неговата администрација работи со Палестинците и Израелците за смирување на ситуацијата, додавајќи дека и двете нации заслужуваат да живеат безбедно.

„Веруваме дека Палестинците и Израелците заслужуваат да живеат безбедно, да имаат еднакви услови за слобода, просперитет и демократија“, рече Бајден во видеоснимката емитувана на настанот по повод муслиманскиот празник Еид ел Фитр,објави „Ројтерс“.

Бајден додаде дека Белата куќа ќе продолжи да разговара со Палестинците и Израелците и другите регионални партнери со цел да ја смири ситуацијата.

Можете да прочитате

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда

Италијанската влада испраќа 500 војници за „одбрана“ на Милано; Луксузните брендови ги отстрануваат производите од своите излози