Утрински Весник
Свет

Бајден: Пресудата за Ратко Младиќ е историска

Бајден се приклучува на онлајн состанокот на НАТО во Романија

Американскиот претседател, Џо Бајден, вели дека пресудата против Ратко Младиќ е историска, наведувајќи дека таа ја зајакнува одлучноста на САД да ги спречат идните злосторства низ целиот свет.

Во соопштението, Бајден додава дека потврдената пресуда со која Младиќ е осуден на доживотен затвор покажува дека оние што сториле ужасни злосторства ќе одговараат.

Тој вели дека трагедијата на жртвите не може да се избрише, но додаде дека се надева дека денешната пресуда им дава одредена утеха на сите ужалени.

„Моите мисли се со преживеаните членови на семејствата на бројните жртви на злосторствата на Младиќ“, вели Бајден.

Можете да прочитате

Пукање на универзитет во САД: Едно лице убиено, едно тешко рането

13 затвореници беа пронајдени мртви во затвор во Јужен Еквадор

Стармер: Велика Британија работи со партнерите за мир во Украина