Утрински Весник
Свет

Бајден побара од Вучиќ признавање на Косово

Бајден побара од Вучиќ признавање на Косово

Американскиот претседател, Џо Бајден, го честита Денот на државноста на Србија потенцирајќи ја потребата за меѓусебно признавање со Косово.

„Остануваме непоколебливи во поддршката на целта на Србија за европска интеграција. Ве охрабруваме за воведување на потребните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, кој е фокусиран на меѓусебно признавање“, се наведува во честитката на Бајден до Александар Вучиќ.

По тој повод, српскиот претседател одговори дека меѓусебното признавање не е наведено во ниту еден акт на која било светска организација, ниту во ЕУ, ниту во која било резолуција.

„Разбираме дека тоа е американска политика. Постоеа обиди да се наметне таа фраза како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение. Им кажав лично во Белата куќа што мислам за меѓусебно признавање и мојот одговор нема да биде поинаков. Какви честитки би можел да испратам за Денот на независноста на САД, многу идеи ми паѓаат на ум, но мојата улога е да ги штитам интересите на Србија“, истакна денеска Вучиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот