Утрински Весник
Свет

Бајден: Не сакаме ескалација, но постапките на Русија ќе имаат последици

Бајден: На ​​половина пат сме, 50 милиони вакцини за 37 дена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во говорот по повод 100 дена од почетокот на претседателскиот мандат изјави дека Америка не сака ескалација во односите со Русија, но предупреди дека одредени активности на Москва ќе имаат последици.

Бајден изјавил дека го известил рускиот претседател Владимир Путин дека Русија ќе сноси последици поради наводно мешање во американските претседателски избори и сајбер-напади.

„Одговорив на директен и пропорционален начин на кој Русија се мешаше во нашите избори и извршуваше сајбер-напади врз нашата влада и компании. Тие ги направија двете работи и јас одговорив “, рече Бајден, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека САД и Русија сè уште можат да соработуваат кога тоа е од заеднички интерес.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале