Утрински Весник
Свет

Бајден, Макрон, Шолц и Џонсон ја потврдија својата решителност во однос на Украина

Бајден, Макрон, Шолц и Џонсон ја потврдија својата решителност во однос на Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и лидерите на Франција, Германија и на Велика Британија вечерва на видеоконференција ја потврдија својата решеност да продолжат да ја зголемуваат цената за „неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија на Украина“, соопшти Белата куќа.

Бајден, Емануел Макрон, Олаф Шолц и Борис Џонсон наводно ја изразиле својата посветеност да продолжат да обезбедуваат безбедносна, економска и хуманитарна помош за Украина, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија