Утрински Весник
Свет

Бајден клекна пред шефицата на кабинетот на израелскиот претседател кога слушна дека има 12 деца

Бајден клекна пред шефицата на кабинетот на израелскиот претседател кога слушна дека има 12 деца

Американскиот претседател Џо Бајден направи нешто невообичаено на состанокот во Белата куќа со израелскиот претседател во заминување Рувен Ривлин. Тој клекна пред шефицата на кабинетот на Ривлин кога слушна дека има 12 деца.

Бајден, кој е татко на четири деца, клекна и ја наведна главата за да изрази почит.

Ривлин рече дека Ривка Равиќ (45), кој со години му е клучен советник, покрај одговорната работа, се грижи и за толку големо домаќинство.

Таа беше со Ривлин и додека тој беше пратеник на Ликуд, министер за комуникации и претседател на Кнесетот.

Можете да прочитате

Белата куќа со предупредување до Иран

Путин: Меѓународната ситуација се влошува

Мерц: Мора да пронајдеме рамнотежа во односите со Русија