Утрински Весник
Свет

Бајден драстично ќе ја ревидира надворешната политика на Трамп

Бајден драстично ќе ја ревидира надворешната политика на Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе одржи говор во Стејт департментот за да ја изложи претстојната надворешна политика. Главните предизвици за новата администрација на оваа патека ќе бидат односите со Кина, Русија, Иран и со Северна Кореја, пишува „Ведомости“.

Покрај тоа, новата администрација ќе треба да ги реши проблемите поврзани со војната во Авганистан.

За време на својата претседателска кампања, Бајден остро ја критикува надворешната политика на Трамп ветувајќи дека ќе ја смени нејзината траекторија со проширување на интеракцијата со сојузниците на САД и поинтензивно спротивставување на нивните непријатели, меѓу кои и Русија.

Според програмскиот директор на Рускиот совет за меѓународни работи, Иван Тимофеев, Бајден навистина ќе ја подложи надворешната политика на неговиот претходник на внимателно испитување и ревизија. Новиот претседател ќе ги повлече најконтроверзните одлуки на Трамп за Кина и ќе ги продолжи трговските разговори.

Во исто време Тимофеев истакна дека стратешкото ограничување на Кина ќе продолжи. Исто така, под администрација на Бајден соработката на Вашингтон со НАТО ќе се прошири, а САД ќе се фокусираат повеќе на човековите права во меѓународните односи.

Што се однесува до Русија, според експертот, Бајден ќе се фокусира на Алексеј Навални, што Стејт департментот ќе го искористи во својата агенда. Во исто време, тоа ќе има некои предности, па така, на пример, темата руско мешање во американските работи ќе ја изгуби својата предност.

„Тие не може да тврдат дека Путин му помогнал на Бајден да добие претседателски мандат“, посочи Тимофеев.

Вишиот научен соработник на Институтот за американски и канадски студии на Руската академија на науките, Павел Кошкин, се согласува дека под Бајден надворешната политика на САД ќе биде радикално ревидирана.

Според Кошкин, оваа администрација ќе стави крај на техничката и трговската војна со Кина. Исто така, Вашингтон стравува дека Пекинг може да се здружи со Москва и затоа САД се обидуваат да го спречат тоа.

Затоа, објаснува експертот, економските фактори преовладуваат над политичките преференции во односите со Кина. Тоа не може да се каже за односите со Русија.

„Верувам дека САД може да усвојат законодавство во врска со Навални и закон за санкции за кршење на човековите права во Русија. Постојано ќе нè потсетуваат дека сме на погрешна страна на историјата“, заклучува експертот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење