Утрински Весник
Свет

Бајден до кинескиот претседател: Конкуренција меѓу нашите земји да не ескалира во конфликт

Бајден до кинескиот претседател: Конкуренција меѓу нашите земји да не ескалира во конфликт

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Шји Џјинпинг разговараа за кинеската политика во Тибет, Хонгконг и Ксинџијанг, меѓу другите спорни области, се вели во соопштението на Белата куќа, по виртуелниот разговор меѓу двајцата претседатели, кој траеше повеќе од три часа.

„Претседателот Бајден изрази загриженост за практиките на Кина во Ксинџијанг, Тибет и Хонгконг, како и за човековите права воопшто“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Двајцата претседатели ветија дека ќе работат заедно на енергетските и климатските прашања.

Џјинпинг, пак, му рекол на Бајден дека неговата земја ќе мора да преземе одлучна акција доколку силите за протајванска независност ја преминат црвената линија, објавија кинеските државни медиуми.

Пекинг вети дека ќе го стави Тајван под кинеска контрола, доколку е потребно со сила. Двајцата лидери ја истакнаа нивната одговорност кон светот во однос на избегнувањето на конфликт.

„Ми се чини дека наша одговорност како лидери на Кина и САД е да обезбедиме нашата конкуренција меѓу нашите земји да не ескалира во конфликт, било намерно или ненамерно“, рече Бајден. „Само едноставна, јасна конкуренција“, додаде тој.

Зборувајќи со помош на преведувач, Шји рече: „Како две најголеми светски економии и како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Кина и САД мора да ја зголемат комуникацијата и соработката“.

Официјалната новинска агенција Ксинхуа ја опиша средбата како чесна, конструктивна, значајна и плодна.

Можете да прочитате

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија