Утрински Весник
Свет

Бајден доаѓа во Европа, но нема да ја посети Украина

Бајден доаѓа во Европа, но нема да ја посети Украина

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, денеска изјави дека не е планирано американскиот претседател Џозеф Бајден да отпатува во Украина следната недела, за време на неговата посета на Европа каде ќе присуствува на самитите на НАТО и ЕУ.

„Фокусот на патувањето ќе биде обединување на светот за поддршка на украинскиот народ и против инвазијата на претседателот Путин во Украина, но нема планови за патување во Украина“, напиша таа на „Твитер“, а пренесе Си-ен-ен.

Американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд изрази голем сомнеж за можноста Бајден да ја посети Украина следната недела кога ќе замине за Европа, велејќи дека колку што таа знае тоа не е во план.

Како што претходно беше објавено, лидерите на земјите членки на ЕУ ќе се соберат в четврток и в петок на 24 и 25 март на нивниот редовен самит. Бајден треба да им се придружи в четврток.

Ден претходно, в среда, на 23 март, се очекува американскиот претседател да учествува на вонреден самит на земјите членки на НАТО, кој исто така ќе се одржи во Брисел.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија