Утрински Весник
Свет

Бајден го обвини Путин за зголемениот прилив на бегалци во САД

Американскиот претседател Џо Бајден го отвори Самитот на Америка, каде повика на единство на регионот. Во своето обраќање тој, меѓу другото, рече дека причина за зголемениот прилив на бегалци во САД е влошувањето на глобалната економија поради војната што ја започна рускиот претседател Владимир Путин против Украина, јавува Анадолија.

Говорејќи на Самитот на Америка во Лос Анџелес, Калифорнија, Бајден рече дека демократијата е најважниот фактор во развојот и дека демократијата треба да биде поддржана со соработка меѓу земјите. Осврнувајќи се на приливот на бегалци во САД, особено од Централна и Јужна Америка, Бајден рече:

– Глобалните инфлациски притисоци се влошија со бруталната војна на Путин против Украина. На семејствата им стана потешко да ги задоволат своите потреби. Сите овие фактори предизвикуваат прилив на бегалци во западната хемисфера.

Тој, исто така, рече дека е воспоставено ново економско партнерство со американските земји и тоа ќе им помогне на економиите да се зголемат. Многу демонстранти протестираа против американскиот претседател во областите каде минуваше неговиот конвој, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра