Утрински Весник
Свет

Бајден, Гејтс и Маск мета на најголемата интернет измама на Твитер

Бајден, Гејтс и Маск мета на најголемата интернет измама на Твитер
Dik 300x250 mk

Сметките на Твитер на Барак Обама, Џеф Безос, Џо Бајден, Елон Маск и многу други лица со високи профил и компании станаа жртви на една од најголемите сабјер измами во историјата на Интернетот.

Осомничените биткоин измамници ја презеле контролата врз сметките кои им припаѓаат на богатите и славните личности повеќе од два часа во текот на попладневните часови и измамиле барем неколку стотици луѓе да им префрлат криптовалути.

Во едне твит во нападот кој бил испратен од сметката на Бил Гејтс, софтверски магнат кој е второ најбогато лице во светот, им ветува на корисниците дека ќе ги дуплираат сите исплати испратени на неговата биткоин адреса во следните 30 минути.

Слични твитови се појавија на сметките на раперот Канје Вест, инвеститорот Ворен Бафет и корпорациите вклучувајќи ги „Епл“, „Венди“, „Убер“ и апликацијата за трансфер на пари „Кеш“.

Твитер соопшти дека го разгледува нападот.

„Ние сме свесни за безбедносните инциденти кои влијаат на сметките на Твитер. Истражуваме и преземаме чекори за да го поправиме“, велат од компанијата.

Повеќемина биле измамени, при што регистрирани се над 200 случаи на луѓе кои испраќале пари, дури и до 100.000 американски долари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина