Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Бачев објави книга за поништување на преспанскиот договор

Dik 300x250 mk

Во Скопје беше промовирана новата книга на претседателот на партијата „Единствена Македонија“, професорот Јанко Бачев под наслов „Меѓународно-правните основи и постапката за поништување на Договорот меѓу Македонија и Грција.

Рецензенти на книгата се професорите Игор Јанев и Јове Кекеновски а еден од промоторите беше и амбасадорот Ристо Никовски.

Рецензентите, а воедно и промоторите истакнаа дека со оваа книга е создадена квалитетна правна рамка со научното елаборирање на правните основи и постапката за поништување на т.н преспански договор. Исто така, беше потенцирано дека овој труд е прва книга и своевиден водич за поништувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција кој беше оценет како капитулантски и опасен за македонските национални државни интереси и затоа мора да биде поништен.

Авторот на книгата истакна дека „ќе биде задоволен доколку книгата биде корисна литература за сите оние што сакаат да ја знаат простата вистина дека Договорот е ништовен и мора да се поништи и дека постојат правни основи и постапка како да се стори тоа, а кои детално се изложени во книгата“.

Книгата е објавена на македонски, руски и на англиски јазик.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ