Утрински Весник
Спорт

Бах: Ќе работиме заедно за да ја надминеме тешката состојба

Бах: Нема да долевам масло на огнот, одложување на ЛОИ не е споменато

Токио, 30 март 2020 (МИА) – Со комбинирани напори на МОК, Организацискиот комитет на игри, општината Токио и јапонската влада, ќе се справиме со сложената состојба околу одложувањето на Олимпијадата, рече претседателот на МОК, Томас Бах.

Поради пандемијата на коронавирус, тешката одлука за презакажување на Олимпијадата за 23 јули – 8 август 2021 година е донесена минатата недела.

– Им се заблагодарувам на меѓународните федерации и Националните олимписки комитети за нивната едногласна поддршка и подготвеност да соработуваат во последните денови на консултациите. Исто така, се заблагодарувам на Комитетот за спортисти на МОК, со кој сме во постојан контакт. Убеден сум дека соработуваме со Организацискиот комитет, властите во Токио и јапонската влада и сите заинтересирани страни ќе се справат со оваа невидена ситуација“, рече Томас Бах, цитиран од канцеларијата за печат на МОК.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп