Утрински Весник
Спорт

Бах: Нема да долевам масло на огнот, одложување на ЛОИ не е споменато

Бах: Нема да долевам масло на огнот, одложување на ЛОИ не е споменато
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Лозана, 5 март 2020 (МИА) – Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах ги отфрли шпекулациите дека ширењето на коронавирусот би можело да влијае на одржување на Летните олимписки игри и Параолимписките игри во Токио.

На прес-конференција во Лозана тој порача дека на седница на Извршниот одбор на ИОК не било споменато одложување или откажување на настаните и покрај таквата можност што ја најави јапонската министерка за спорт, Сеико Хашимото.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

– Ние сме спортска институција и ги следиме препораките на Светската здравствена организација. Не сакам да долевам масло на огнот со разни шпекулации, рече Бах.

Од коронавирусот кој се појави во Кина кон крајот на минатата година досега починаа над 3.000 лица, а преку 100.000 во целиот свет се заразени. Поради тоа беа откажани низа спортски манифестации, а ширењето на болеста влијаеше и на квалификациските натпреварувања за ОИ 2020. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реал Мадрид со проблеми пред финалето на ЛШ

Гизолфи е новиот спортски директор на Рома

Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕП!