Утрински Весник
Спорт

Барселона се вклучи во трката за потписот на Мбапе

Барселона се вклучи во трката за потписот на Мбапе

Додека фудбалскиот свет, синоќа, ја анализираше победата на Македонија над Италија, водечкиот спортски медиуми во Франција „Екип“, во 23.31 часот објави сензационална вест: „Барселона ќе се обиде да го донесе Килијан Мбапе“.

На Твитер, „Екип“, објави дека и покрај тоа што се договорил со Реал, Мбапе не и ја затворил вратата на Барселона.

„ПСЖ е известен за намерата на Барселона да го ангажира фудбалерот во летниот преоден рок. Барселона игра според правилата, поради тоа го известиле ПСЖ. Правилата на ФИФА во ваков случај се јасни, клуб што сака да ангажира играч кој се наоѓа во последните шест месеци од договорот, може да преговара директно со фудбалерот, но претходно мора да го извести неговиот актуелен клуб“.

„Екип“, тврди дека деновиве тренерот Чави ќе го контактира младиот напаѓач, за да г убеди да ја прифати понудата на Барселона.

> Барселона се вклучи во трката за потписот на Мбапе <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување