Утрински Весник
Спорт

Барселона исклучи враќање на Нејмар летово

Роналдо ја одобрил идејата за привлекување на Нејмар во Јувентус

Барселона, 17 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, нема да се врати во Барселона за време на летниот преоден рок, објави „Радио Каталонија“.

Шпанскиот гигант ја отфрли можноста за трансфер на Бразилецот во текот на летото поради финансиската криза предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Главна мета за Каталонците останува напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Нејмар се пресели во ПСЖ летото 2017 година од Барселона за 222 милиони евра.

Минатото лето, Бразилецот се обиде да се врати на „Камп Ноу“, но клубовите не успеаја да се договорат за финансиските услови.

Договорот на Нејмар со францускиот шампион е до 30 јуни 2022 година.

Оваа сезона тој му помогна на ПСЖ на 22 натпревари од сите турнири, постигнувајќи 18 голови и асистираше за 10.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата