Утрински Весник
Спорт

Барселона го потврди трансферот на Рафиња

Фудбалскиот клуб Барселона на своите официјални страници на социјалните мрежи го потврди трансферот на 25-годишниот Бразилец Рафаел Дијас Белоли, во светот на фудбалот познат како Рафиња.

dobivaj vesti na viber

Рафиња игра на позициите десно крило и центарфор, а доаѓа од Лидс, на кој му се приклучи во 2020 година од Рен. Претходно во кариерата настапуваше и за Спортинг и Виторија Гимараеш. Кариерата ја почна во Бразил, во екипата на Аваи.

Фил Хеј, новинар на „Атлетик“ што го следи Лидс, објави на „Твитер“ дека Барселона ќе плати 58 милиони евра плус осум милиони бонуси за Рафиња. Интерес за бразилскиот репрезентативец покажаа Челси, Арсенал и Тотенхем, а Челси беше многу блиску до комплетирање на трансферот.

Сепак, Рафиња ја избра Барселона, која по Франк Кеси и Андреас Кристенсен, ќе го има третиот трансфер во овој преоден рок.

Рафиња во две сезони во Премиер лигата одигра 65 натпревари, постигна 17 и асистира за 12 гола.

Бразилецот со Барселона ќе потпише договор до 2027 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина