Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Барса ќе заработи од трансферот на Брејтвајт – Данецот оди во Вест Хем

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
300x250 opst2

Мартин Брејтвајт во преодниот рок ќе ја напушти Барселона. Клубот од „Ноу Камп“ по истекот на јануарскиот преоден рок, поради повредите на Усман Дембеле и Луис Суарез, ја искористи опцијата што ја нуди Ла Лига и го ангажираше напаѓачот на Леганес за 18 милиони евра.

Брејтвајт (29) за Барселона во Ла Лига одигра 11 натпревари и постигна еден гол. За услугите на Брејтвајт сериозна понуда испратиле од Вест Хем.

Клубот од Премиер лигата нуди 20 милиони евра за Данецот што значи дека Барселона ќе ги врати парите што ги потроши во февруари и уште ќе заработи два милиони евра.

> Барса ќе заработи од трансферот на Брејтвајт – Данецот оди во Вест Хем <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај