Утрински Весник
Спорт

Барса официјално го отпушти Сетиен

Барса официјално го отпушти Сетиен

Барселона преку официјално соопштение потврди дека го отпуштиле тренерот Кике Сетиен како дел од широкото реструктуирање на првиот тим на каталонскиот гигант, кое беше неизбежно по понижувачкиот 8:2 пораз од Баерн Минхен во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Бордот на директори на Барселона потврди дека Сетиен заминува како прва од повеќето мерки што се договорени со техничкиот тим и со идниот тренер, кој ќе биде потврден во следните неколку дена, а за кој шпанските медиуми тврдат дека е поранешниот играч Роналд Куман.

Кике Сетиен стана тренер на Барселона на 13 јануари и во седум месеци на чело на тимот имаше 25 натпревари за тимот – 19 во лигата, 3 во Лигата на шампионите и 3 во Копа дел Реј, од кои победи во 16, одигра нерешено во четири и загуби во пет натпревари.

Заврши тричасовниот состанок во Барса, се чека промоција на Куман

> Барса официјално го отпушти Сетиен <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја