Утрински Весник
Спорт

Барса нема да ја плати клаузулата на Лаутаро

Аргентина – Бразил во полуфиналето на Копа Америка
Dik 300x250 mk

Барселона, 18 април 2020 (МИА) – Раководството на Барселона нема намера да ја активира откупната клаузула на Лаутаро Мартинез, пишува „Мундо Депортиво“.

До средината на јули, договорот на Аргентинецот со Интер изнесува 111 милиони евра. 22-годишниот стрелец на „азурите“ е приоритет за нападот на Каталонците, но со промените на пазарот, „лос кулес“ не планираат да платат таков износ за напаѓачот на италијанскиот тим.

Од „Камп Ноу“ размислуваат да вклучат играчи за да ја намалат сумата за трансфер. Антонио Конте бара квалитетни играчи од средниот ред, а Артуро Видал и Карлес Алења се во негов фокус.

Во меѓувреме, друг весник од Барселона, „Спорт“, е доста посмел во своите предвидувања за новата сезона на Барса, истакнувајќи дека Лаутаро, Меси, Нејмар и Луис Суарез можат да играат заедно.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина