Утрински Весник
Спорт

Барса на Пике му должи 50 милиони евра

Барселона на фудбалерот Џерард Пике му должи неверојатна сума на пари. Според договорот што го имале двете страни, клубот треба да го подмири долгот по откако фудбалерот ќе ја заврши кариерата.

Браса неуспешно ја заврши првата сезона без Лионел Меси. Аргентинецот поради финансиските проблеми со кои е соочен клубот, мораше да си замине.

И сето тоа не се случи случајно. Тоа беше предизвикано, секако, од финансиски проблеми, врв беше периодот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, кога клубот остана без планираниот прилив на средства.

Решението беше намалување на платите, на што се согласија играчите во Барселона.. Според еден од најреномираните шпански новинари, Џерар Ромеро, најмногу настрадал неговиот имењак Џерар Пике.

Тврди дека Барселона му должи на Пике неверојатни 50 милиони евра! А договорот е Каталонците да им платат на фудбалерите откако ќе го напуштат клубот. Проблемот на клубот е што се Пике е блиску до крајот на кариерата. Ќе ја одигра уште оваа сезона, а потоа ќе се пензионира.

Пике е „дете на Барса“. Започна да игра во помладите категории на оваа екипа, а по ангажманот во Манчестер Јунајтед и Сарагоса, во 2008 година се врати на „Камп Ноу“.

За Барселона има 606 натпревари и постигна 52 гола.

> Барса на Пике му должи 50 милиони евра <

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот