Утрински Весник
Спорт

„Барса направи историска грешка со трансферот на Пјаниќ“

„Барса направи историска грешка со трансферот на Пјаниќ“
Dik 300x250 mk

Главниот човек на Барселона за Јужна Америка, Андре Кари, изјавил дека една од најголемите грешки во историјата на фудбалот е трансферот на Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ, во летниот преоден рок, од Јувентус пристигна во Барселона. Во спротивен правец замина Артур Мело. Репрезентативецот на БиХ, кај Роналд Куман речиси и да не игра и веројатно ќе го напушти клубит.

„Тоа е една од најголемите грешки што сум ги видел во историјата на фудбалот. Апсурд. Менувате 23-годишен играч кои има плата од два милиони евра, за играч кој има 31 година и плата од шест милиони евра“, рекол Кари.

> „Барса направи историска грешка со трансферот на Пјаниќ“ <

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата