Утрински Весник
Спорт

Барса и Сити со интересно реми во добротворни цели

Пеп Гвардиола се врати на „Ноу Камп“, овојпат како менаџер на Манчестер сити за пријателскиот меч со Барселона посветен на борба против амиотрофинчната латерална склероза (АЛС) и не недостасуваа голови во интересната 3:2 победа на домаќините.

dobivaj vesti na viber

Новиот напаѓач на „граѓаните“, Хулијан Алваарез го отвори резултатот во 21. минута, за осум минути подоцна Пјер-Емерик Обамејанг да постигне убав гол во можеби неговиот последен меч за Каталонците, ако се остварат шпекулациите за трансфер во Челси.

Чави Ернандез и Пеп Гвардиола направија повеќе замени во второто полувреме, за Барселона да дојде во водство во 67. минута со голот на Френки де Јонг, уште еден фудбалер кој може да замине до крајот на преодниот рок, пред младиот Кол Палмер во 70. минута да ја врати рамнотежата во мечот со нов гол. Мемфис Депај, трет фудбалер чија иднина на „Ноу Камп“ е неизвесна, во 79. минута пак ги донесе Барса во водство со 3:2 за Ријад Марез во 99. минута од пенал да ги постави конечните 3:3.



Можете да прочитате

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник