Утрински Весник
Спорт

Барса и Севилја се договорија – Де Јонг оди во Кадиз

Барса и Севилја се договорија – Де Јонг оди во Кадиз

Лук де Јонг ја напушта Барселона. Холанѓанецот пристигна на „Ноу Камп“, во финишот на преодниот рок. Роналд Куман го позајми од Севилја, со надеж дека ќе успее да го замени Антоан Гризман. Де Јонг не ги оправда очекувањата, поради што по само пет месеци ќе го напушти клубот.

Де Јонг за Барселона одигра девет натпревари, постигна само еден гол. Искусниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Кадиз.

Според шпанските медиуми Севилја, Барселона и Кадиз постигнале договор. За да биде реализирана позајмицата треба да се согласи и фудбалерот.

Кадиз се наоѓа на претпоследното место во Примера со 14 поени. Де Јонг ќе треба да ја поправи ефикасноста на тимот. Кадиз на 18 натпревари имаат постигнато само 15 голови, помала ефикасност има са Хетафе.

> Барса и Севилја се договорија – Де Јонг оди во Кадиз <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија