Утрински Весник
Спорт

Барса го потврди трансферот на Калиниќ

Кошаркарскиот клуб Барселона го потврди трансферот на српскиот репрезентативец, Никола Калиниќ. Искусниот крилен кошаркар потпиша двегодишен договор и неофицијално ќе заработува 1,3 милиони евра по сезона.

dobivaj vesti na viber

Барселона во суперлативи го претстави својот нов играч, кој минатата сезона во Евролигата имаше просек од 12,6 поени со 4 скока и 3,4 асистенции. Во 2017 година Србинот со Фенербахче ја освои Евролигата.

30-годишниот Калиниќ е четвртото засилување во тимот на Шарунас Јасикевичиус, пред него во Барселона тим пристигнаа Јан Весели, Томаш Саторански и Оскар Да Силва.

По договорот со Валенсија, каталонскиот клуб имаше право преговара со Калиниќ. Двата клуба се договориле за висината на обесштетувањето, според последните информации таа изнесува 500.000 евра. Црвенз звезда ќе добие отштета од 100.000 евра.

 

Можете да прочитате

Познати првите пет учесници во нокаут рундите на Лигата на шампионите

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ слави 90 години постоење

Исландски судии за натпреварот Шкендија – Слован