Утрински Весник
Спорт

Барса без Фати ќе гостува во Минхен

Барса без Фати ќе гостува во Минхен

Барселона, во среда, со императив на победа, ќе гостува во Минхен, во последното коло во Лигата на шампионите. Ова тешко гостување ќе го пропушти крилниот напаѓач, Ансу Фати.

Лекарскиот тим не му даде дозвола на Фати да настапи против Баерн. Ансу Фати од лани има проблем со повредите, три пати го оперираше десното колено, а откако се врати на терените оваа сезона има проблем со бутниот мускул.

Барселона мора да победи во Минхен доколку не сака да зависи од Бенфика. Во пресрет на последното коло Барса има два бода повеќе од Бенфика. Математиката е јасна, Бенфика има подобар меѓусебен скор и со победа над Динамо Киев и евентуално реми на Барселона ќе се пласира во осмина-финалето. Истото ќе се случи и доколку Бенфика победи, а Барселона доживее пораз.

> Барса без Фати ќе гостува во Минхен <

Можете да прочитате

Европа ќе има нов фудбалски владетел

Баерн го скрши Арсенал за полуфинале во ЛШ

Стојановски успешно опериран – 24info.mk