Утрински Весник
Економија

Барние: Трговскиот договор за брегзит носи стабилност

Барние: Трговскиот договор за брегзит носи стабилност
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Главниот преговарач на ЕУ за брегзит, Мишел Барние, рече дека трговскиот договор со Велика Британија е олеснување и обезбедува стабилност за луѓето и компаниите.

„Обезбедивме правилен брегзит“, изјави Барние за Радио Френсинфо, додавајќи дека склучувањето на договорот една недела пред крајниот рок, кој истекуваше кон крајот на годината, донесе малку стабилност.

Барние изјави дека има уште некои елементи што треба да се дефинираат во идните односи на ЕУ со Велика Британија, вклучително и надворешната политика, пренесува „Ројтерс“.

Велика Британија и Европската Унија постигнаа трговски договор на 24 декември.

Договорот беше постигнат само една недела пред крајот на транзицискиот рок на брегзит, односно конечното излегување на Велика Британија од ЕУ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Новогодишен „подарок“ од Владата, 100 милиони евра нов долг вели Битиќи

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра за модернизација на железницата во Македонија

Николовски: Царинската управа со рекордна наплата и засилена дигитализација ја движи економијата