Утрински Весник
Економија

Барањата за финансиска поддршка за плати поставени на системот Е-Даноци и ЕПДД

Над 350 барања за субвенционирање на плати на првиот ден од примената на мерката
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Управата за јавни приходи информира дека на системот Е-Даноци може да се најде образецот БФП-ИП/1 со кој компаниите може да побараат финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за јуни. На системот Е-ПДД, пак, е поставен образецот БФС-СВД/1 со кој финансиска поддршка за исплата на плати за јуни може да побараат самостојните вршители на дејност.

– Согласно  измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

Мерката за финансиска поддршка во април ја искористиле вкупно 19.696 работодавачи односно 5.707 самостојни вршители на дејност, а во мај 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП потсетува: Рок до 31 декември за извештаи за зелените пазари

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП