Утрински Весник
Македонија

Барањата за упис во градинка да се праќаат на електронска адреса

Идната недела скрининг за вработените во тетовските градинки
Screenshot

Тетово, 2 јуни 2020 (МИА)Родителите и старателите кои се заинтересирани да ги запишат децата во еден од објектите на Општинската јавна установа детски градинки „Младост“ од Тетово тоа треба да го направат на електронската адреса. При поднесување на барање за упис потребно е родителот/старателот да посочи во кој oбјект во рамките на нашата установа планира да го запише своето дете.

-Како една од превентивните мерки за заштита на здравјето и овозможување на безконтактна административна услуга, нашата градинка ОЈУДГ“Младост“-Тетово воведува нова постапка за електронско поднесување на барања за електронско запишување (аплицирање) за нови деца во нашата установа. Барањата треба да го испрати родител/старател на детето и тоа на следната меил адреса: upisigradinka@gmail.com, соопштуваат од градинката.

Screenshot

Потребни податоци при поднесување на барањето за упис се следните: податоци за детето: (име и презиме, дата на раѓање) податоци за родителот/старател: (име и презиме на двата родитела), дали е вработен родителот – мајка/татко како и контакт телефон.

Изминатиов период се изврши скринингот на вработените, а резултатите целосно ќе бидат познати во текот на оваа недела. Резултатите од уписите и известувањата до родителите ќе се знаат во текот на јуни согласно препораките за работа на градинките. ас/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одбележан Денот на Логистичка база – еден од главните столбови на Армијата

Европската комисија ги повика Скопје и Атина да го почитуваат Договорот од Преспа

Схинас: Новото политичко раководство на С.Македонија создадоа политички и правен случај