Утрински Весник
Свет

Балтичките земји го прогласија Лукашенко за непожелна личност

Балтичките земји го прогласија Лукашенко за непожелна личност
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Литванија, Естонија и Летонија денеска ги ставија на црна листа белорускиот претседател Александар Лукашенко и 29 високи функционери на неговиот режим, обвинувајќи ги за изборни измами и репресија на продемократските протести.

Балтичките земји, членки на ЕУ и НАТО, најавија санкции како дел од координираните напори за поддршка на протестите во соседната Белорусија, кои влегуваат во четвртата недела по спорните претседателски избори на 9 август.

„Испраќаме порака дека треба да сториме повеќе од соопштенија, изјави… мора да преземеме конкретни мерки“, рече литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевициус.

Покрај Лукашенко, во црната листа за забрана за патувања се вклучени и 29 функционери од изборната комисија, министерствата и органите на редот.

Линкевициус додаде дека листата наскоро може да се прошири.

Неговиот естонски колега Урмас Рејнсалу рече дека балтичките држави покажуваат оти сериозно се борат против кршењето на човековите права во Белорусија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Венецуела ослободи уште 88 затвореници уапсени по постизборните протести

Во 2026, на бриселската маса „членство од втор ред“ за новите можни членки и потенцијално „ограничување на ветото“ за кластерите, но не и за затворање на преговорите

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во Кран-Монтана, граѓаните оддаваат почит