Утрински Весник
Спорт

Балотели ќе го тужи Бреша

Претседателот на Бреша предизвика расистички скандал со реплика на адреса на Балотели
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бреша, 12 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели, ќе го тужи својот сегашен клуб за неисплатени плати, објави „Газета дело Спорт“, барајќи целосна исплата за месец март, кога повеќето клубови се договорија со играчите да не им плаќаат заради паузата во шампионатот поради пандемијата од коронавирус.

– Мислам дека Балотели е единствениот фудбалер во европските врвни лиги кој сака целосна сума на својата плата за март, прокоментира адвокатот на Бреша, Матија Грасани.

Играчот исто така инсистираше на тоа дека бил дискриминиран, откако бил спречен целосно да тренира. На поранешниот италијански репрезентативец не му беше дозволено да тренира во Бреша на почетокот на неделава.

Според информациите, напаѓачот бил дисциплиниран од клубот минатата недела, откако не се појавил на тренинзи.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата