Утрински Весник
Свет

Бактерии кои можат да предизвикаат смртоносни инфекции пронајдени во почвата и водата во САД

Dik 300x250 mk

Потенцијално смртоносен вид на бактерии, кој претходно беше забележан само во јужна Азија, Африка и Австралија, за прв пат е откриен во примероци од почва и вода собрани во САД, соопшти во средата американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

dobivaj vesti na viber

Бактеријата наречена Burkholderia pseudomallei, пренесува NBC News, може да предизвика болест наречена мелиоидоза, за која е познато дека е фатална.

Во САД, околу десет случаи на мелиоидоза се евидентираат секоја година, обично кај луѓе кои претходно живееле во странство.

Но, во средата, ЦДЦ објави дека бактеријата била пронајдена во примероци од почвата и водата собрани долж брегот на заливот Мисисипи и издаде предупредување за здравјето на сите лекари во Америка да внимаваат на можни знаци на мелиоидоза, кои можат да бидат нејасни и вклучуваат кашлица, треска и болка во градите.

Можете да прочитате

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија

Кина потврдува дека ги укинува дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз