Фудбалерите на Баерн Минхен продолжија да ги поместуваат границите во Лигата на шампионите. Синоќа тие ја поставија најдолгата победничка низа во историјата на ова натпреварување.
Баерн, во Салцбург, го победи домаќинот со 6:2, што е 14 триумф во низа во Лигата на шампионите.
Неверојатната серија играчите на клубот од Минхен ја започнаа минатата сезона во фазата по групи. Забележаа по две победи над Тотенхем, Олимпијакос и Црвена звезда, потоа два пати во осмина-финалето го победија Челси, а на завршниот турнир во Лисабон триумфираа над Барселона, Лион и ПСЖ.
Новата сезона ја започнаа со три победи во А-групата, над Атлетико Мадрид, Локомотив Москва и Салцбург.
? New competition record…
1⃣4⃣ Champions League wins in a row for Bayern!
? Unstoppable? #UCL pic.twitter.com/AI0MlfrXNs
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) November 3, 2020
> Баерн постави неверојатен рекорд во ЛШ <