Утрински Весник
Спорт

Баерн оди по дуплата круна – вечерва е финалето во Купот на Германија

Баерн оди по дуплата круна – вечерва е финалето во Купот на Германија

Баерн Минхен и Баер Леверкузен вечерва на Олимпискиот стадион во Берлин ќе се борат за трофејот во Купот на Германија. Баерн е најдоминантниот тим во Германија во своите витрини има 19 пехари од Купот, додека Леверкузен само еднаш победиле во ова натпреварување.

Баерн Минхен во финалето ќе биде без Зиле, Алкантара и Толисо, додека кај Леверкузен ќе го нема Белараби.

Оваа сезона која Баерн ја заврши на првото место двата тима забележаа по една победа. Баварците победија во Леверкузен со 4:2, а Баерн им возврати во Минхен со победата 2:1.

Инаку Купот на Германија се игра од 1935 година, со исклучок на паузата од 1943 до 1952 година. Секоја година за трофејот се натпреваруваат 64 екипи.

Баерн има 19 трофеи, Вердер 6, а Ајнтрахт и Шалке по 5.

> Баерн оди по дуплата круна – вечерва е финалето во Купот на Германија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина